Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја прекинува неговата работа за време на празниците, без големи планирани настани за следната недела, изјави портпаролот Дмитриј Песков за Спутник.

„Ќе има нормални работни денови за Путин, без некои поголеми настани. Работните состаноци остануваат, не се прекинуваат. Никогаш не зема слободни денови за никакви празници “, рече Песков.

Тој додаде дека во блиска иднина се планираат контакти меѓу рускиот претседател и странски лидери, но дека е тешко да се планираат патувања во други земји поради вирусот корона.

Да ве потсетиме, празниците ќе започнат во Русија на 31 декември – тој ден е прогласен за неработен во практично сите региони.