Рускиот претседател Владимир Путин нареди масовна вакцинација против коронавирусот во Русија, која ќе започне следната недела, пренесува РТ.

Тој рече дека сите ќе бидат вакцинирани со руската вакцина Спутник 5.

Здравствените работници и просветните работници се први во редот за вакцинација против коронавирусот.

Да почнеме да го организираме овој процес за да можеме со масовна вакцинација да тргнеме во текот на следната недела, и рече Путин на руската вицепремиерка, Татјана Голикова.

Путин рече дека руската фармацевтска индустрија е подготвена за големи вакцинации затоа што количината на дози на веќе произведената вакцина ќе достигне два милиони во наредните денови.

Ајде да го направиме првиот чекор, рече Путин.

Руската вакцина Спутник 5 е ефикасна повеќе од 90 проценти, изјави во ноември портпаролот на Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци собрани за време на тестирањата во третата фаза на процесот на производство, тестирање и регистрација на вакцината спутник 5.