Москва денеска почна да ја употребува вакцината Спутник V против Ковид-19 во 70 клиники, што е прва масовна вакцинација во Русија против коронавирусот, соопшти градската работна група за Ковид-19.

Москва, која е жариште на коронавирусот во Русија, во изминатите 24 часа регистрираше 7.993 нови случаи на заразени.

– Во текот на првите пет часа се пријавија 5.000 луѓе за вакцинација – наставници, доктори, социјални работници, оние кои денес најмногу ги ризикуваат своето здравје и животи, истакна вчера градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.

Возраста на оние кои примаат вакцина е ограничена на 60 години. На луѓето со хронични болести, бремените жени и оние кои имале респираторна инфекција во последните две недели им е забрането вакцинирање.

Вакцината Спутник V се дава двапати, односно втората доза се прима 21 ден по првата.

На прашањето кој и кога ќе ја добие руската вакцина , Путин изјави дека тие не кријат ништо и се отворени за дијалог и одговор .

Ние не криеме ништо , први ќе бидат нашите сојузници, пријатели . Зошто ако не помогнеме на своите пријатели , тогаш не би биле држава како што сме сега . – рече Путин

Вакцините во останатите држави ќе стасаат на почетокот на нареедниот месец , најкасно до МАРТ сите ќе ја имаат на располагање.