Ова е трет пат Путин да биде номиниран за Нобелова награда за мир

Рускиот писател Сергеј Комков објави дека го предложил рускиот претседател Владимир Путин за Нобеловата награда за мир во 2021 година.

  • Процесот по поднесувањето на мојата апликација до Нобеловиот комитет е веќе започнат! И никој не може да го спречи – напиша Комков на својата Фејсбук страница.

Ова е трет пат Путин да биде номиниран за Нобелова награда за мир.

Добитникот на престижната награда вреден еден милион долари ќе биде објавен во Осло на 9 октомври.