Рускиот претседател Владимир Путин носи чевли за планинарење кои се произведени во Босна и Херцеговина, во фабриката Дерма во Скендер Вакуф.

Инаку, Путин е авантурист и голем љубител на природата, па има многу фотографии и видеа од неговите различни активности, а на некои од нив се и планинарските чевли на германскиот бренд Хаикс. Инаку, дел од чевлите на овој бренд се произведуваат во погоните на фабриката Дермала лоцирана во Котор Варош и Скендер Вакуф.

Сопственикот на фабриката од Босна и Херцеговина, Раденко Бубиќ за Радио Телевизја Република Српска изјави дека чевлите што Путин ги носел на неколку фотографии се направени во Кнежево.

Тој рече дека од пријатели од Германија дознале дека Путин ги носел нивните чевли, но дека во тоа се увериле кога виделе фотографија од чевли кои ги произведувале во фабриката Кнежево, а кои не се произведуваат никаде на друго место – токму тие бои и дизајни како на фотографијата.

Оваа компанија не произведува обувки за домашниот пазар, но планира да го прошири производството и да изгради продавници и во Босна и Херцеговина.