Русија чека крај на внатрешната политичка конфронтација во САД, нема позадина во прашањата за честитање на победникот на претседателските избори во САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

„Сакам да ве уверам: нема позадина – не е важно дали некој ни се допаѓа или не – само чекаме крај на внатрешната политичка конфронтација“, изјави Путин за телевизијата „Русија 1“, зборувајќи за честитањето на победникот на претседателските избори во САД.
Рускиот претседател додаде дека во Русија нема никакви проблеми и дека чисто формалните работи реба да се прават во согласност со утврдената практика и правната страна на работите. Нема скриен мотив и ништо што би било невообичаено или би можело да биде основа за понатамошен пад на нашите односи. Тоа е чисто формална страна на работите “, објасни рускиот лидер.

Тој додаде дека Русија го почитува и актуелниот американски претседател Доналд Трамп и кандидатот кој што најверојатно ќе биде победник Бајден.

Путин посочи дека Москва ќе соработува со секој американски претседател кој ќе ја добие довербата кај американскиот народ, но дека резултатите од изборите мора да бидат сумирани на легален начин.