Последната годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин траеше неколку часа, а додека тој одговараше на бројните прашања на новинарите, не остана незабележано дека тој повремено се освежуваше со еден пијалок.

Како што се откри по завршувањето на прес конференцијата, станува збор за чај од специјално одбрани и комбинирани сибирски билки.

Тоа е чај. Тоа фактички не е ни чај, туку се прави од лушпа од сибирски треви – рече Путин.

Медиумите подоцна објавија дека пијалокот е сто проценти базиран на природна основа и дека делува врз идржливоста и концентрацијата.

Конференцијата траеше четири часа и 29 минути и беа акредитирани скоро 800 новинари. Претседателот на Русија одговори на вкупно 60 прашања поставени од новинарите од цел свет.