Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков ги негираше обвинувањата на британските медиуми дека рускиот претседател Владимир Путин планира да поднесе оставка.

Таблоидот Сан објави дека Путин (68) планира да го напушти претседателското место на почетокот на следната година поради зголемениот страв за неговото здравје.

„Експертите за Кремљ“ рекоа дека неодамнешните снимки покажале дека 68-годишниот моќен човек има можни симптоми на Паркинсонова болест, а информираните аналитичари тврдат дека дури и Алина Кабаева (37), за која се сомнева дека е негова сопруга, го моли Путин да се пензионира.

Експертите, како што пишува Сан, кои ги проучуваа неодамнешната снимка на Путин, забележале дека неговите нозе постојано се движат и дека се стекнува впечаток дека тој чувствува болка додека се држеше за задниот дел од столот. Забележано е и дека неговите прсти се грчеле додека го држел моливот и држел чаша за која се верува дека содржи коктел од лекови против болки.

Реагирајќи на пишувањето на британскиот весник, Песков изјави дека Путин не планира да поднесе оставка поради здравствени проблеми.

„Тој се чувствува одлично“, изјави Песков пред новинарите.