Руското оружје е пред странските конкуренти и е уникатно по голем број карактеристики, објави рускиот претседател Владимир Путин на седницата на комисијата за воена индустрија.

Шефот на државата го пофали успехот на домашната воена индустрија, која „произведува навистина уникатни видови на оружје што денес се пред странската конкуренција”.

А во некои случаи, нашето оружје нема конкуренција во светот, според некои карактеристики, тоа е веќе очигледно, забележа Путин.

Сепак, според рускиот лидер, раководството на воената индустрија ќе мора да научи да решава нестандардни задачи. На државата и требаат стотици такви експерти.

Рускиот претседател рече дека показателите за цивилното производство во воените фабрики се добри, но дека тој дел сепак треба да се подобри.