Рускиот претседател Владимир Путин нурна/влезе во ледената вода во московскиот регион по повод православниот празник Богојавление – Водици.

Владимир Путин влезе во водата во дупка исечена во форма на крст, се прекрсти и се спушти во водата три пати.

Претходно, портпаролот на претседателот, Дмитриј Песков, објави дека Путин учествувал во капењето за Водици, дека е негова традиција и дека тој не ја менува својата традиција.

Празникот се славеше низ цела Русија. Оваа година, водата беше осветена за прв пат на Соборниот плоштад на Главната црква на вооружените сили на Русија, која беше отворена во јуни минатата година. Во предградијата на Москва, беше до 20 степени под нулата, но без оглед на тоа, имаше многу кои сакаа да се приклучат на традицијата.

Војници учествуваат во капење на Водици низ целата земја. Само во Централниот воен округ, околу 10.000 луѓе нурнаа во Јордан ( т.н. дупка во мразот во спомен на реката Јордан каде Јован Крстител го крстеше Исус Христос ), и тоа не само војници, туку и членови на нивните семејства. Специјалисти од Министерството за одбрана на Русија подготвија 50 базени во областа, опремувајќи ги со специјални платформи и скали.