Директорот на центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург, ја истакна важноста на втората вакцинација против вирусот корона, бидејќи, како што рече, таа ќе овозможи одбраната на организмот да се зголеми шест пати повеќе.

За време на втората вакцинација имаме развиен имунолошки систем. Тој ја насочува целата своја енергија и способности со цел дополнително да го интензивира производството на антитела и што е најважно, со цел да формира мемориски клетки, вели тој.

Тоа овозможува создавање на многу стабилен, долгорочен имунитет, токму на посакуваниот протеин од коронавирус, односно корона протеин, кој го зголемува имунолошкиот одговор, имунолошка заштита на вакцинираните лица четири, пет, шест или повеќе пати, изјави Гинцбург за Канал еден.

Претходно, директорот на центарот објави дека „Гамалеја“ планира да направи комбинирана вакцина, која истовремено ќе штити од грип и коронавирусна инфекција.

Како што рече, за новата вакцина ќе бидат потребни клинички испитувања, а рано е да се зборува за временските рамки за развој на таква вакцина.

На 11 август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за превенција од ковид-19, која беше изработена од Научно истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во соработка со рускиот фонд за директни инвестиции.