Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара со украинскиот претседател Владимир Зеленски за можна гранична соработка.

Нашите украински соговорници велат – ајде да разговараме за Крим. Ако тој предлог е во контекст на пограничната регионална соработка, сигурен сум дека Путин е подготвен за тоа, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за телевизијата Русија 1, пренесува ТАС С.

Песков истакна дека ако Киев се обиде да започне разговори за нешто друго, што не значи дека Крим е дел од Руската Федерација, никој никогаш нема да сака да се вклучи во таков разговор.

Зеленски претходно изјави дека е подготвен за дијалог со Путин, а на 22 април рускиот претседател рече дека ако украинското раководство сака да разговара за Донбас, тогаш прво треба да се сретне со претставници на Доњецк и Луганск, а дури потоа со официјални лица на трети земји, вклучително и Русија и додаде дека е подготвен да го пречека Зеленски во Москва кога и да посака да разговара за билатералните односи.

Москва повторува дека Русија не учествува во конфликтот во Донбас, но посредува во мировните разговори за источна Украина.