Во групите на оние кои се обидуваат да докажат дека опасноста од новата пандемија со коронавирус е непостоечка, неодамна се појавија нови „ крунски и цврсти докази“ со кои тие ја бранат нивната теорија.

Во тоа нивно докажување дека бројките на починатите се лажни поддршка им даде и самиот американски Претседател, Доналд Трамп.

Имено, американските корона скептици, од кои многумина се приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп, извлекоа податоци од извештајот на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и тоа го претставија како драстично намалување на официјалниот број на жртви од ковид-19.

Фразата „само 6 отсто” стана популарна на крајот на август и голем број корона скептици го споделуваа извадок од извештајот на ЦДЦ и го толкуваа на свој начин, дека короната е голема лага и дека луѓето не умираат од корона.

На крајот, самиот Трамп ја сподели и ја објави таа објава на Твитер. Оваа недела ЦДЦ тивко ги ажурираше броевите за ковид-19 за да признае дека само шест отсто од сите 153.504 смртни случаи биле реално починати од ковид. Тоа се 9.210 смртни случаи. Останатите 94 отсто имале две до три други сериозни болести и огромното мнозинство од нив беа многу стари, се тврди во твитот споделен од Доналд Трамп.

Тој твит првично беше објавен од една корисничка поврзана со супер популарното движењето на теории на заговор QAnon.

На другите социјални мрежи, Фејсбук и Инстаграм, ваквите објави не се отстранети, но се означени како дезинформарции.

Твитер на крајот ја отстрани објавата повикувајќи се на следните причини. Имено, уште од мај, ЦДЦ во својот неделен извештај за ковид-19 почна да вклучува информации за дополнителни здравствени проблеми, односно хронични болести од кои претходно страдале оние кои починале од коронавирус. Ваквите дополнителни болести, односно здравствени тешкотии, професионално се нарекуваат
коморбидитети.

За шест отсто од смртните случаи, ковид-19 беше единствената болест која е спомената. За другите смртни случаи, покрај самиот ковид-19, имаше (во просек) 2,6 дополнителни тешкотии или причини за смртта”, се вели во извештајот на ЦДЦ.

Теоретичарите на заговор и корона скептиците, меѓу кои и самиот Трамп, врз база на тие бројки констатираа дека само 9.210 Американци умреле од коронавирус, а не „со коронавирус“, што е фраза која тие често ја користат. Имено, другите 94 отсто од вкупно 193.657 регистрирале смртни случаи од ковид-19 во САД, според ова толкување, всушност починале „со коронавирус“, односно умреле поради други причини, а не од корона.

Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и инфективни болести и член на американската работната група за корона вирус, истакна дека податоците добиени од коронасептици не значат дека 94 отсто од од луѓето умреле „со ковид, а не со ковид“, како што тие тврдат.

Според Фаучи тоа не значи дека некој што има хипертензија или дијабетис и умира од ковид-19, дека не умрел од ковид-19. Да, тој починал од тоа, вели тој. Значи, бројките што ги слушнавте, повеќе од 200 илјади смртни случаи, се вистински смртни случаи од ковид-19, рече Фаучи во интервјуто за AВЦ Њуз.