Ерменското Министерство за одбрана денес објави дека испукало предупредувачки куршуми на границата со Азербејџан поради наводен упад на нивните сили на ерменска земја.

Ерменија го обвини Азербејџан за испраќање трупи преку границата минатата недела, нагласувајќи ја кревкоста на примирјето постигнато со помош на Русија, која минатата година го запре шестнеделниот конфликт меѓу ерменските и азербејџанските сили, објави Ројтерс.

Азербејџан претходно негираше дека нивните војнцици ја преминале границата.

Ерменското Министерство за одбрана вели дека не ја исклучува можноста за употреба на сила ако азербејџанските сили не ја напуштат ерменската територија во разумен рок.

Во случај на недостаток на мирно решение во разумен рок, ако азербејџанските сили не се вратат на своите првични позиции, ерменските вооружени сили имаат право да го решат проблемот, дури и со сила, се вели во соопштението пренесено од ТАСС. После тоа, Русија понуди помош во преговорите за разграничување.

По прекинот на вооружените конфликти меѓу Ерменија и Азербејџан минатата есен, граничните спорови меѓу двете страни избивааат повремено.