Ракописот со пресметките на Алберт Ајнштајн додека се обидувал да ја формулира неговата теорија на релативноста е продаден на аукција за рекордни 11 милиони евра, пренесува BBC.

Местото на продажбата било во аукциската куќа Кристи во Париз, а воедно овој ракопис го собори рекордот на најскапо продаден научен документ.

Ова е еден од само двата документи кои ја покажуваат напорната работа на физичарот Алберт Ајнштајн и неговиот пат до откривањето на неговата позната теорија.

Теоријата на релативностата, која е објавена во 1915 година, целосно го трансформира човечкото разбирање за просторот, времето и гравитацијата.

Ракописот на листот бил напишан помеѓу 1913 и 1914 година од Ајнштајн и неговиот швајцарски колега Микеле Бесо, кои успеале да го сочуваат документот.

Аукциската куќа Кристи го пофали купувачот за неговото напредно размислување во спасувањето и зачувувањето на ракописот.

Ајнштајн е човек кој земал и чувал многу малку белешки, така што самиот факт дека ракописот преживеал и стигнал до нас веќе го прави извонреден, изјави Винсент Белој, експерт во аукциската куќа.

Трудовите содржат пресметки напишани со црн молив и, според Белој, покажуваат низа грешки на патот кон формулирањето на теоријата.

Куќата Кристи соопшти дека продажбата привлекла колекционери од целиот свет кои ја препознале важноста на документот.

Сепак, купувачот на хартијата од 54 страници не беше идентификуван јавно.

Ајнштајновата теорија на релативноста фрли светлина врз потеклото на универзумот, планетарната орбита и црните дупки.