– Откако дадоа силна поддршка за водачите на ОВК, по обвинувањата и апсењето од страна на хашкиот трибунал, со тврдење дека тие ќе ја потврдат невиноста и праведноста на војната за слобода, дел од албанските политичари почнаа со обвинувања до премиерот Еди Рама.

Тие го обвинуваат дека не ги брани косовските политички лидери кои се соочуваат со правдата во Хаг за воени злосторства.

Тој пак преку порака на Твитер директно им се обрати на поранешниот претседател и премиер и екс лидер на опозициската Демократска партија Сали Бериша и претседателот Илир Мета, прашувајќи ги зошто го изгласале извештајот на Дик Марти во Советот на Европа. -Сали, зошто гласаше за извештајот на Дик Марти во Советот на Европа, кога ние гласавме против или сакаше да го заштитиш Косово од Хашим? Но, ти, Илир, зошто гласаше за извештајот на Дик Марти или не те праша Хаџинасто? Љуљзим, имаш нешто да кажеш или не е дозволена истражна тајна? Горд на Социјалистичката партија, напиша Рама.

На обвинувањата на Рама во врска со извештајот на Дик Марти, остро реагираа од кабинетот на претседателот Мета, Претседателскиот портпарол, Теди Блуши, нарекувајќи го Рама предавник и најжестокиот непријател на албанската нација, го повика да се соочи со претседателот Мета пред целата албанска нација и да го добие одговорот лице в лице.

-Едвин Кристак Предавник, најжестокиот непријател на албанската нација, валкана кукла на најантиалбанските кругови на планетата, највалканиот навредувач на војната на ОВК и крвта на хероите, најжестокиот поттикнувач на омраза кон Косово преку алатките на УДБ во Приштина и Тирана, кукавицата што ја преминува Морина со панцир и блиндиран автомобил од страв од национална казна, денес постави јавно прашање.

Го повикуваме да се соочи со претседателот Мета пред целата албанска нација и да го добие одговорот лице в лице, возврати Блуши. Додава дека Рама не заслужува да му се одговори и го прашува кој му наредил да ја повлече тужбата против Харадинај, што до судот во Приштина ја поднесе за навреда. -Го избегна судењето кое ти го посакуваше во Приштина, но никогаш нема да избегаш од правдата на албанската нација.

Не го спомнувај претседателот Илир Мета за прашањето на Косово и националното прашање затоа што нема да имаш време ниту да се покаеш, валкан Асад. Нема да има Ким Филби за да те спаси, му порачува Блуши на „националниот предавник Рама“.