Албанскиот премиер Еди Рама ја критикуваше Европската унија во врска со дистрибуцијата на вакцината за Ковид-19.

Тој го критикуваше одложеното снабдување со земјите од Западен Балкан.

Според албанските медиуми, Рама денеска ја критикувал ЕУ затоа што Унијата ги оставила земјите од Западен Балкан да чекаат залихи на вакцини се додека земјите-членки не обезбедат доволни дози за нивната популација.