Премиерот на Албанија Еди Рама во видео порака објавена на социјалните мрежи во очи парламентарните избори во Црна Гора закажани за 30 август му дава безрезервна поддршка на Мило Ѓукановиќ.

Обраќањето најпрво го почнува на англиски јазик за потоа главната порака да ја пренесе на српски јазик, па дури и вели „благодарам што постоиш драг Мило“.

Понатаму додава дека актуелниот црногорски претседател треба да биде горд на сето она што го направил за својата земја.

Еди Рама вели: Со чувство на длабока и искрена врска меѓу двете земји, Албанија и Црна Гора и нашите две сестрински партии, ти посакувам да победиш на изборите – Одлучно за Црна Гора, што е слоганот на кампањата на ДСП за изборите.


Напишете коментар