Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос не сака да отстапи од своите барања за да го продолжи договорот шампионот на Шпанија па затоа неговата иднина во Реал е неизвесна.

Шпанските медиуми пренесуваат дека искусниот дефанзивец не сака да прифати намалување на платата. Управата на клубот сака да го ослободи буџетот од високите плати и сегашните 13 милиони евра за голем терет за „кралевите“.

Иако претседателот Флорентино Перез и соработниците очекуваа Рамос да прифати намалување на платата и да даде пример на останатите тоа не се случи.

Ова се потсетува на ситуацијата со Кристиано Роналдо. Португалецот тогаш не се согласи на слични услови и си замина од Реал Мадрид во Јувентус. Рамос е свесен дека се уште може да најде клуб кој ќе му даде голем договор, па затоа не сака да попушти. Посебно ако се реши да оди во МЛС лигата.

извор : спортски мк