Претседателот на Алијансата за иднината на Косово (АБК), и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај, денес најави референдум за обединување со Албанија.

За време на презентацијата на изборната програма, тој рече дека Косово не може да чека додека другите не бидат подготвени да решат многу отворени прашања.

Ќе дојде денот кога новиот американски претседател или новиот германски канцелар ќе треба да се изјаснат за тоа што ќе му го кажат на Косово во 2024, 2025 или 2026 година. Очекувајте да сториме нешто. Ние ниту прифативме ниту оставивме замрзнат конфликт, ниту сме прифатиле да не раздвојуваат, но ќе одиме на референдум за обединување со Албанија, запомнете го ова, рече Харадинај.

Тој објасни дека не станува збор за љубов и потсети дека косовските Албанци пред 20 години му дадоа збор на Западот дека сакаат да ја почитуваат заедничката визија дека Косово ќе се приклучи кон ЕУ, НАТО, за да стане членка на ООН и Белград да го признае тоа, објави Косово онлајн.

Ако ЕУ сака да убеди пет земји-членки да ја сменат својата позиција, а Америка сакаше да ни помогне да добиеме признание од Израел, тогаш зошто нашите европски партнери не држат толку изолирани, зошто нè оставаат настрана и од време на време ни велат дека за тоа сме ние виновни. Зарем не се виновни Србија и другите соседни земји, дали тие беа совршени, рече Харадинај, додавајќи:

Не можеме само да чекаме некој да биде расположен за решавање на косовското прашање.