Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (АБК) Рамуш Харадинај би можел да биде кандидат за косовски претседател, објавено е по состанокот на советот на партијата што се одржа во Приштина.

Потпретседателот на АБК, Ардијан Џини изјави дека има иницијатива Харадинај да биде кандидат за претседател.

Според неговите зборови, можни се нови околности кога станува збор за избор на претседател, дури и ако не се потврди обвинението против сегашниот претседател Хашим Тачи, пренесува Радио Слободна Европа.

Сите се надеваме дека обвинението нема да биде потврдено, но сепак треба да влеземе во процес на избор на претседател за четири или пет месеци – рече Џини.

Харадинај на својот Фејсбук профил потврди дека може да биде кандидат за претседател.

Верувам дека ќе бидам кандидат за претседател, доколку за тоа се разговара врз основа на уставот, тоа го сметам за голема одговорност но и за голема чест за мене, напиша Харадинај.

Партнерите во рамките на владејачката коалиција во Косово, Алијансата за иднината на Косово и Демократската Сојуз на Косово, не се согласија за позицијата претседател, бидејќи мандатот на Тачи истекува во пролетта 2021 година.

Специјалното обвинителство на крајот на јуни објави дека на 24 април е покренато обвинување за воени злосторства и злодторства против човечноста против кодовскиот Претседател Хашим Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весели и некои други поранешни припадници на ОВК, чии имиња не беа објавени.

Тачи изјави дека, доколку се потврди обвинението против него, тој ќе си даде оставка од позицијата претседател.

Харадинај е еден од лидерите на ОВК и се спротивставува на каков било договор меѓу Србите и Албанците, освен ако Белград безусловно не го признае Косово.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *