Извор: СпортскаМрежа.МК

Македонија го доби распоредот за следните три натпревари на Мундијалот во Египет.

Македонија во главната рунда сите натпревари ќе ги игра во воведниот термин од 15:30 часот. Во оваа фаза ќе отвори со Словенија, два дена подоцна ќе се соочиме со Русија, а на крај силите ќе ги одмери со Белорусија.

Распоредот на Македонија за главната групна фаза:
Македонија – Словенија (20. јануари 15:30 часот)
Македонија – Русија (22. јануари 15:30 часот)
Македонија – Белорусија (24. јануари 15:30 часот)

Табела од главната групна фаза:

  1. Шведска 4
  2. Русија 3
  3. Египет 2
  4. Словенија 2
  5. Белорусија 1
  6. Македонија 0