Хаос во Приштина. Претседателот на Алијансата за иднината на Косово и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај, рече дека се сомнева дека српските служби го регрутирале премиерот на Косово, Албин Курти.

На седницата на Собранието, Харадинај го праша премиерот Курти дали Србија го држи „во раце“ со какви било информации што ги имаат за него.

Дали бевте регрутирани од српските служби за време на престојот во затвор? Дали Србија има нешто за вас што ве прави заложниk? Дали тоа претставува опасност за Косово, прашуваше Харадинај.

Претседателот на Собранието, Глаук Коњуфца, му се обрати на Харадинај и му порача да внимава што ќе зборува.