Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го обвини премиерот во заминување, Албин Курти, и неколку други министри, за производство на дрога, и објави видео во кое се тврди дека тоа е нивна лабораторија за производство наркотици во Приштина.

Овие слики сведочат за една од инкриминациите на групата Курти и на политичкото семејство на министерката за правда. Ова се слики од лабораторијата за дрога во Приштина, кои тие пред неколку дена се обидоа да ги отстранат како инкриминирачки факти со друг член на оваа криминална група, Џељал Цвеци. Време е да се соочиме со правдата – напиша Тачи на својот профил на Фејсбук.

На него беше објавено и видео, на кое се гледа скриен премин, а потоа и просторија во која се одгледува дрога.

Министерот за правда во заминување, Аљбиљена Хадџиу изјави дека станува збор за клевета и валкана кампања на Претседателот на Косово и дека нејзиното семејство подготвува тужба против него во Швајцарија.

Би сакала да ве известам дека во врска со неговите обвинувања и клевети, членовите на моето семејство со швајцарско државјанство се консултираат со адвокатите за да го тужат Хашим Тачи во швајцарски суд. Од друга страна, полицијата мора да го негира Хашим Тачи, бидејќи тие имаат точни податоци. Оставете ги да излезат и да зборуваат во јавност – напиша Хаџиу.


Напишете коментар