Српската полиција уапси шест лица осомничени за фалсификување документи и негативни ПЦР тестови, кои потоа ги продавале по цена од 30 до 100 евра по тест, пишува дневниот лист Информер.

Приведените лица се од Зрењанин, Пожаревац и Смедерево и делувале на теритиријата на цела Србија.

Тестовите за ПЦР се продавани по цена од 30 до 100 евра, претежно на лица кои патуваат во земјите на Европската унија, додека лажните лични карти за ЕУ ​​се продавани од 300 до 800 евра, во зависност од итноста.

Група која делувала според добро разработена шема, тргувала со тестови со кои лажно се потврдувало дека луѓето немаат вирус корона, е осомничена за кривични дела здружување заради вршење кривични дела и фалсификување документи.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *