По нуклеарната катастрофа во Чернобил, не беше познато дали нуклеарен отпад има во еден од реакторите, но сега научниците користеа беспилотни летала за да добијат увид во тоа што има во реакторот.

Во моментот на катастрофата, конструкцијата на реакторот број пет беше при крај и, со оглед на брзањето да се напушти, не беше забележано дали има нуклеарен отпад во него, пишува Дрон Лајф .  

За да дознаaт, 33 години подоцна, беспилотните летала „Елиос 2“ на „Флајабилити“ влегоа во реакторот. Дронот мораше да прелета преку ѕид висок околу 70 метри и се стравуваше дека ќе дојде до губење на сигналот што би значело дека дронот е изгубен, но тоа не се случи. Еден од водечките луѓе на мисијата, Чарлс Реј рече дека, и покрај голем број тешкотии, успехот е постигнат.

Визуелните податоци од беспилотното летало Елиос 2 покажаа дека базените во реакторот се празни и дека нема нуклеарен отпад. “Доказите дека базените се празни никогаш порано не биле собрани. Ова е значајно откритие”, заклучи портпаролот на „Флајабилити“