Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ќе ја заврши сезоната на клупата на кралскиот клуб, и покрај срамната елиминација од Купот на кралот од нисколигашот Алкојон.

Утрово, ударната вест во престижните спортски весници во Шпанија беше статусот на трофејниит француски стручњак, чии кредити на доверба на „Сантијаго Бернабеу“ беа практично исцрпени.

Во исто време, веста од Аргентина дека Мануел Гаљардо од Ривер Плата може да биде именуван за негов наследник одекна како бомба.

Сепак, според последните информации до кои дојде Депортес Кватро, Зидан ќе ја заврши сезоната на клупата на Реал.

Актуелниот шампион на Шпанија за кратко време прокоцка два трофеи – Суперкупот на Шпанија и сега Купот на кралот.

Во шпанското првенство, по 18 одиграни кола, го зазема второто место со четири бода помалку од водечкиот Атлетик, со дури два натпревари помалку.

Во Лигата на шампионите, кога пласман во елиминациската фаза висеше во воздух до последното коло, Реал ќе се сретне со Аталанта за нешто повеќе од еден месец.

Исходот од овие дуели може да ја разниша моменталната одлука на управата на клубот.