Темното чоколадо се смета за здравo задоволство со 70 проценти или повеќе какао, богато со билни соединенија наречени флавоноиди и флаваноли кои се поврзани со помал ризик од срцеви заболувања и други кардиоваскуларни проблеми.

Многу студии веќе покажаа дека темното чоколадо припаѓа на групата здрава храна која исто така има некои здравствени придобивки, а најновата студија објавена минатата недела откри дека може да предизвика и губење на тежината.

Британскиот весник за клиничка фармакологија наведува дека чоколадото влијае на невротрансмитерите како допамин, серотонин и ендорфин, а студијата спроведена на 14.000 возрасни лица вели дека конзумацијата на темно чоколадо ја намалува веројатноста за појава на депресија за 57 проценти.

Покрај тоа, суровото какао е полно со флаваноли, билни соединенија за кои се верува дека ја подобруваат циркулацијата, го намалуваат крвниот притисок и воспалението и го намалуваат нивото на холестерол.

Нутриционистката Касандра Барнс забележува дека какаото е богато со калиум, кој помага во регулирање на крвниот притисок, и магнезиум, кој е клучен за правилно функционирање на сите мускули, вклучувајќи го и срцето.

Едно истражување покажа дека умерената конзумација од три реда чоколадо месечно може да го намали ризикот од срцева слабост за 13 проценти, а истражувачите велат дека флавоноидите го зајакнуваат артериското здравје и помагаат во намалувањето на воспалението, но предупредуваат дека прекумерната конзумација на чоколадо исто така не е добра, која дури и го зголемува ризикот од срцева слабост.

Чоколадото содржи и кофеин и теобромин, природни стимуланси, но содржи и шеќер, кој му дава енергија на телото, што е уште една причина зошто е најздраво темното чоколадо кое во себе не содржи додадени шеќери.

Флаванолите можат да заштитат од оксидативен стрес и други оштетувања на клетките, а луѓето кои консумираат чоколадо богато со флаваноли, исто така, имаат помал крвен притисок.