Русите ќе можат да гласаат за пакетот уставни во рок од еден месец, односно Референдумот е официјално закажан за 1 јули, објави претседателот Владимир Путин.

Датумот изгледа „прилично погоден за одржување на серуско гласање за уставните измени“, рече Прерседателот. Одржувањето Референфум на 1 јули е исто така „беспрекорно“ од правна гледна точка, додаде Путин.

Путин рече дека владата сега ќе има 30 дена „да реши некои технички проблеми“ и да биде подготвена да обезбеди безбедност на гласачите за време на епидемијата „Ковид-19“.

Путин исто така ги охрабри Русите да ги искористат овие 30 дена за да го утврдат својот став кон предложените уставни измени.

Гласањето првично требаше да се одржи на 22 април, но беше одложено заради појава на коронавирус.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *