Тајван соопшти дека рекорден број авиони на кинеските воздухопловни сили го нарушија неговиот воздушен простор во понеделникот, јави Би-Би-Си.

Министерството за одбрана соопшти дека 25 борбени авиони и бомбардери, способни да носат нуклеарно оружје, влегле во областа за идентификација. Нарушувањето е најголемо во последната година и се случува во време на предупредувања на САД за „зголемување на кинеската агресија“. Пекинг го смета Тајван за отцепена покраина, иако Тајпеј се прогласува за суверена држава, пренесува БНР.

Островот, во меѓувреме, се подготвува да го пречека поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео. Неговата посета е планирана за оваа година, но датумот и целите не се наведени, пренесува ТАСС.