„Ќе воведеме вакцинација 24 часа на ден, 7 дена во неделата што е можно побрзо“, рече Џонсон пред парламентот, додавајќи дека во моментов има недостаток на вакцина за тоа да се изведе.

Велика Британија објави рекорден број смртни случаи од коронавирус денес – што укажува на тоа дека вториот бран на пандемијата е поубиствен од првиот, додека владата планира да воведе дневна и ноќна вакцинација против ковид-19 што е можно поскоро.

Во Велика Британија, 15 милиони луѓе се меѓу највисоките приоритетни групи. Досега 2,6 милиони луѓе се вакцинирани со првите дози. Владата треба да вакцинира повеќе од два милиони луѓе неделно за да ја постигне својата цел.

Британија користи две вакцини, AstraZenecino и вакцина развиена од Pfizer и BioNTech.