Во Словенија, во последните 24 часа се потврдени рекордни 3.354 инфекции со коронавирус, со направени над 22.000 PCR и брзи анагенски тестови. Во последните 24 часа починале уште 31 лице, како резултат на ковид-19, објави во средата словенечката влада.

Учеството на заразените во вкупно тестираните лица е сè уште многу големо, кај PCR-тестирањата уделот на позитивните на коронавирус во вкупно тестираните е се уште многу високо и изнесува 37,2 проценти, а кај брзите антигенски тестирања е 4,9 проценти, изјави на владината прес конференција посветена на состојбата со ковид-19, портпаролотот Јелко Кацин.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последните 24 часа со вкупно направени 22.194 ПЦР и брзи антигенски тестови, откриени се 3354 нови инфекции.

Седумдневната инциденца на инфекција на 100.000 жители во моментов е 1.704.

Активни се 21.772 случаи на инфекција, а со најновите смртни случаи, вкупниот број на смртни случаи од ефектите на ковид-19 се зголеми на 2.868.

Досега, според официјалните податоци на Министерството, во Словенија вакцинирани се против ковид-19 7.204 лица.

Во последните 24 часа 106 пациенти се отпуштени од болници и 114 нови се примени.