22-годишна вработена во ресторанот Chick-fil-A” во Алабама стана вистински херој на социјалните мрежи бидејќи и го спаси животот на Лорен Лангли и на нејзините деца.

Постот во кој Лорен раскажува како во колата со децата се нашла среде олуја, кога младата девојка потрчала им понудила да влезат во ресторанот, со што ја потврдила репутацијата на овој угостителски локал – е шеруван повеќе од 20.000 пати на Фејсбук.

Како што таа напишала, нејзините синови сакале да каснат нешто во ресторанот со брза услуга, но наеднаш времето се расипало. Тогаш шефот и вработената во ресторанот ни ја донесоја храната која сакавме да ја нарачаме и ни ја дадоа бесплатно.

-Удираа громови, децата вриштеа, а јас без збунета. Но тогаш стигнаа прељубезните вработени од ресторанот и не спасија“ – напиша Лорен.

Инаку, ова не е прв пат вработените во Chick-fil-A” вака да реагираат. Во ланскиот септември тие испорачале околу 400 сендвичи за возачите кои биле заглавени на патот.

Муштериите велат дека вработените се познати по нивните херојски подвизи и по тоа што не очеуваат пофалби, што овој ресторан го прави еден од најдобрите во Америка.


Напишете коментар