Сподели

Научниците во Португалија објавија дека направиле маска што го убива корона вирусот. Тие создадоа маски со специјална обвивка што помага да се “деактивира” коронавирусот во контакт со ткаенината од која се направени, пишува Еуроњус.

Тимот на експерти тврди дека заштитата на маските останува ефикасна дури и по 50 перења, што ја прави многу отпорни.

Маските кои се така премачкани може да ја намалат шансата некој да се зарази за 99 проценти, рече Педро Симас од Институтот за молекуларна медицина во Лисабон (ИММ), еден од виролозите кој работеше на создавање на маската.

Тој инсистира на тоа дека победничката комбинација е да се носи маска во комбиниција со одржување физичка дистанца.

Овие вируси се пренесуваат преку големи капки – респираторни капки, со дијаметар околу еден милиметар – објасни тој, додавајќи дека „така што секоја бариера што ги спречува овие големи капки да влезат во вашиот респираторен систем е многу ефикасна“.

Мислам дека ова е само уште една алатка, друг елемент на маски, додаток на физичката бариера, која сега може да претставува хемиска бариера за вирусот – рече научникот.

Активната состојка на овие маски веќе е успешно тестирана во Францускиот институт Пастер во Лил против вирусот Х1Н1 и ротавирусот, објави ИММ.

Оние што се заинтересирани за тоа од што се состои оваа облога, треба да знаат дека облогата е заверена OEKO-Tex, што значи дека не содржи штетни материи и е безбедна за луѓето.

Без разлика дали станува збор за маска со заштита или обична, Симас се надева дека луѓето ќе разберат колку е важно да ги покриваат устата и носот за време на пандемија.

Тој е едноставно и претставува толку мала жртва, рече тој и додаде дека знае дека е непријатно, дека е агресивно, не можеме да ги видиме емоциите на другите луѓе, но дека тоа е мала жртва за да се спасат животи.


Сподели