По фотографии од местото на несреќата, на урнатиот патнички авион со повеќе од 60 лица, кој падна во морето кратко по полетувањето од Џакарта, главниот град на Индонезија, се појавија првите изјави на очевидците на несреќата.

Локален жител истакнува дека несреќата се случила на 15 минути од островот Ланканг и 10 минути од островот Мале.

Како што вели, во моментот сè уште се трага по доказите за несреќата.

Сè уште сме на местото на инцидентот среде море. Ние бараме докази со помош на сидра, кога можеме да ги транспортираме. Пронајдени се кабли, џебови, седишта и коса, фармерки – објаснува тој.

Рибарот Солихин изјави дека авионот паднал во близина на неговиот брод.

Авионот слета во морето како молња и експлодираше. Тоа се случи прилично близу нас, остатоците речиси го погодија мојот брод, рече тој.

Веб-страницата „Флајтрадар24“, која ги следи сите летови во светот, објави дека авионот изгубил повеќе од 3.000 метри за помалку од една минута.

Индонезиските власти објавија дека го лоцирале точното место каде Боинг 737 паднал во морето. Во авионот имало 62 лица.

Авион на „Сривиаја ер“ вчера полета од Џакарта и се сруши набргу потоа. Летал до градот Понтианак, кој е центар на провинцијата Западен Калимантан.

Повеќе од 10 брода биле ангажирани да го пронајдат авионот и луѓето што биле во него.

Откривме сигнали на две места. Можевме да најдеме црна кутија – рече шефот на индонезиската агенција за пребарување и спасување Багус Паруито.

Анализирани се и предмети за кои се претпоставува дека се остатоци од авион, а меѓу нив се и тркалото и дел од трупот. Портпаролот на полицијата во Џакарта, Јуски Јунус истакна дека тие добиле дел од она што го нашле од агенцијата за пребарување и спасување.