За прв пат, македонскиот премиер Зоран Заев јавно зборуваше за реалноста која е пред нашите очи, за постоењето на идејата за создавање на „Голема Албанија“. Скопје стана свесен за опасноста што се заканува над регионот, изјави за Спутник Ристо Никовски, поранешен македонски амбасадор и политички аналитичар.

Сите овие нон-пејпери кои се појавија како случајно, имаат за цел да го почувствуваат пулсот на регионот и какви ќе бидат реакциите. Јасно е дека разни разузнавачки служби работат добро на Балканот и ќе продолжат да го прават тоа, рече Никовски.

Според него, факт е дека регионот е тесно поврзан и дека сè што се случува во Северна Македонија може да влијае на Србија и другите земји и обратно.

Најголемиот проблем е проектот Голема Албанија. На овој проект сериозно се работи, и може да се каже дека околу 70 отсто се веќе реализирани преку нелегалното одвојување на Косово од Србија. Сè друго е веќе дел од тактиката, бидејќи „Голема Албанија“ нема да значи стабилизирање на Балканот, туку ќе доведе до нови конфликти и нови амбиции на албанските политичари, рече тој во интервјуто за Спутник.

Според Никовски, Србија е центарот на Балканот и најголемата балканска земја и таа е главниот столб за комуникација и безбедност. Ако врие во Србија и ако има проблеми во неа, сите ќе го почувствуваат тоа. Другата е Македонија, затоа што ако е нестабилно во Македонија, ако Скопје биде изложено на разни влијанија и продолжи политиката на Бугарија кон нас, тоа нема да не одведе во позитивна насока, вели Никовски.

Сепак, Никовски смета дека нема да има војна затоа што тоа не и одговара на Америка. Америка и НАТО се свесни дека ако се појави сериозен конфликт, Русија сигурно би се појавила таму, а тие не сакаат да ја гледаат Русија на Балканот по никоја цена. И затоа мислам дека нема да има војна, објаснува Никовски.

Тој смета дека проектот Голема Албанија ќе ја загрози и Грција и не му е јасно како Атина не гледа дека се во опасност од иста идеја како и балканската држава и дека е само прашање на време кога проблемот отворено ќе им тропне на вратата.


One thought on “Ристо Никовски тврди: Нон пејперите ги прават разузнавачките служби! Се плашат од Русија на Балканот”

Comments are closed.