За својата најнова реклама, Mercedes одлучи да го ангажира врвниот тениски мајстор и еден од најдобрите тенисери во историјата, Роџер Федерер, за да седне зад управувачот на новата S Класа. Делува како одлична комбинација, бидејќи најдобрите одат рака под рака, така и швајцарскиот маестро зад управувачот на германскиот поим за перфекција кога станува збор за автомобилите.

Кога станува збор за самиот автомобил, целосно новата S Класа е супериорна во однос на својот претходник, кој и онака е одличен автомобил, а како Роџер Федерер се снаоѓа зад „знаменосецот“ на Mercedes, погледнете во рекламата.