Доцна синоќа на Клиниката за гинекологија и акушерство починале родилка и нејзиното бебе. Имено, родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза.

Станува збор за родилка на која и било 12-та бременост, и до сега имала шест абортуси и шест раѓања.

Родилката вчера била донесена на Гинекологија, и било направено „це-те-ге“, и било соопштено од лекарите да се врати за еден час на уште една проверка.

Но родилката, наводно, веќе заминала дома и по два часа родителката прокрвавела и се вратила во Клиниката.