На денешен ден во 2020 година, светот го потресе ужасната вест за смртта на еден од најдобрите светски кошаркари – Коби Брајант. Во неделата, на 26 јануари 2020 година, Брајант загина во пад на хеликоптер заедно со неговата 13-годишна ќерка и седум други патници загинаа во Калабасас, западно од Лос Анџелес.

Легендарниот кошаркар зад себе ги остави сопругата Ванеса Брајант и трите ќерки

И како започна љубовната приказна на Црната Мамба.

Очите на јавноста беа вперени во младиот Коби Брајант откако тој ја објави свршувачката со жена за која никој не знаеше апсолутно ништо во тоа време. Но, наскоро се дозна дека таа е 18-годишна матурантка.

Сè започна на крајот на минатиот век. Во ноември 1999 година, Коби Брајант сними албум на место каде што младата Ванеса работела како чистачка.

Тие се запознале кога Коби имал 21 година, а Ванеса имала само 17 години. Велат дека било љубов на прв поглед.

Kobi Brajant, Vanesa Brajant

Само шест месеци по тој состанок, славниот кошаркар ја запроси својата Ванеса и покрај тоа што немаше поддршка од неговите родители.

Имено, тие сметаа дека тој е сè уште премлад за брак, и дека треба да се фокусира исклучиво на неговата кариера. Ним им пречеше и фактот што Ванеса беше од друга раса.

Но, Коби не дозволи тоа да ја разниша нивната убов. Неколку месеци подоцна, парот организирал католичка венчавка, бидејќи и двајцата биле големи верници, а на церемонијата не присуствувале неговите родители.

После тоа, легендарниот кошаркар не разговараше со своите родители повеќе од една година, а потоа се роди нивната внука, најстарата ќерка на Брајант, Наталија Дијаманте Брајант.

Vanesa Lejn, kobi brajant

Шест месеци по раѓањето на Наталија, Коби беше обвинет за сексуален напад врз 19-годишена девојка која работела во хотел во Колорадо. Во првиот разговор со истражните органи, Брајант негирал дека имал сексуални односи со девојчето и истакнал колку тоа може да го уништи неговиот углед.

Откако на крај тој призна дека имале односи со девојчето , рече дека тоа било доброволно ,без никакво присилување.

Во едно интервју, Ванеса со плачење откри дека ја изневерил дури 105 пати. Сепак,како што вели таа тој се смири и сè си дојде на свое место, но несреќата го прекина сето тоа.

Неколку месеци пред тој да почине, тие исто така го прославија јубилејот 20 години брак.