Ролан Гарос е официјално одложен за една недела. Вториот грандслем во сезоната ќе се игра од 30. мај до 13. јуни. Организаторите рекоа дека доцнењето е „најдобра опција“, со оглед на состојбата со коронавирусот во Франција.

Француската министерка за спорт, Роксана Маракинеану, претходно најави дека е можно можно пролонгирање, а сега и дефинитивно втора година по ред, Ролан Гарос нема да биде одржан во традиционалниот термин поради светската пандемија.

Франција започна трет карантин во саботата за да го спречи ширењето на коронавирусот, иако професионалните спортови во голема мера беа поштедени. Исклучок е еднодневната велосипедска трка Париз-Рубе, која е одложена.