Крилниот напаѓач на Јувентус стана првиот милијардер во историјата на фудбалот овој викенд. Сепак, интересно е што тој заработил повеќе пари од една социјална мрежа отколку од спортот со кој се занимава. Барем за последните 12 месеци.

Имено, Роналдо заработил 41,7 милиони фунти од Инстаграм, односно од 43 спонзорирани објави на оваа мрежа.

За споредба, од неговиот договор со Јувентус минатата година, тој заработил 27,3 милиони фунти.

На второто место на листата е големиот ривал на Роналдо, Лионел Меси, кој минатата година заработи 25,2 милиони фунти од Инстаграм.

Во Топ 10, кога станува збор за фудбалери, тука се и Дејвид Бекам, Нејмар и Златан Ибрахимовиќ.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *