Бугарија се очекува најрано до следната недела да имаат парламент, а во меѓувреме оние кои се вклучени во преговорите мора да постигнат напредок за да можат да го усвојат буџетот и да формираат нова влада. Ова стана јасно од зборовите на претседателот на Бугарија, Румен Радев во неговата изјава до новинарите.

Партиите претставени во парламентот имаат две важни задачи – формирање влада врз основа на стабилно парламентарно мнозинство и усвојувањето на буџетот. Овие две задачи бараат рамнотежа и време за дијалог. Со оглед на овие два приоритети, до крајот на оваа недела ќе знаете кога ќе биде свикано Националното собрание, изјави претседателот на соседната држава.

Тој исто така нагласи дека „заедно со нашите браќа од Република Северна Македонија“ жалиме за тешката сообраќајна несреќа кај Бошнек, во која загинаа 45 лица. Има многу проблеми – најмногу во однос на идентификација на загинатите, нивно транспортирање, како и заклучување на сите формалности, изјави Румен Радев. 

Тој разговараше со премиерот Зоран Заев и претседателот на нашата држава Стево Пендаровски, исто така во истрагата се активно вклучени и нашите органи.