Руското Воено воздухопловство ги активираше своите ловци за да ги пресретнат и испратат американските и норвешките авиони за набљудување во одделни инциденти над Баренцовоти и Црното Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Авионите што се движеа кон руската граница беа идентификувани како летачки објекти за набудување: норвешкиот P-3C Orion над Баренцовото Море и американскиот P-8A Poseidon, RC-135 и дронот „Reaper“ над Црното Море – се вели во соопштението на руското Министерство.

Како што се наведува, авионите на Северната флота и јужниот воен округ ги пресретнале авионите и ги испратиле на безбедно растојание, а потоа се вратиле во нивните бази.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека пресретнувањето на американски и норвешки авиони било извршено според меѓународни правила. На овој настан на небото му претходеше инцидент во саботата, кога Русија ги активираше авионите Су-35 и МиГ-31 за да пресретнат и да го избркаат шпионскиот авион РЦ-135, кој се движеше кон рускиот воздушен простор од правец на Јапонското Море.

Претходно, на 1 јули, руските авиони пресретнаа и американски авион РЦ-135 над Црното Море.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *