По инцидентот во Нагорно Карабах, кој се однесуваше на отворање оган од автоматско оружје во регионот Гадрус, од сите страни во конфликтот беше побарано да го почитуваат апсолутниот режим на прекин на огнот, изјави неименуван претставник на руските мировни сили.

Тој потврди дека е регистриран инцидент во регионот Гадрус, и покрај постигнатиот договор меѓу Ерменија и Азербејџан за примирјето во Нагорно Карабах.

Руското Министерство за одбрана исто така потврди дека имало инцидент во Нагорно Карабах на 11 декември.

Исто така, се наведува дека руските мировници спроведуваат целодневен мониторинг на сите настани на територијата на Нагорно Карабах, од 23 набудувачки точки.

Ова е последна опомена , не може да се однесувате како да е ваш светот и се да се врти околу вас – додаде висок руски фукнционер