Босна и Херцеговина е најзагрозената земја во регионот, но и во Европа, пред се поради долгогодишниот проблем со илегалните мигранти, се наведува во документот на Европската комисија (ЕК) „Општи упатства за оперативните приоритети за хуманитарна помош во 2021 година“.

Како дел од документот, експертите од Европската комисија исто така развија индекс за управување со ризици, со ажурирани податоци до април оваа година.

Според овој индекс, земјите се поделени во пет категории – од оние во кои ризикот од хуманитарни катастрофи е многу голем, до оние со многу ниско ниво на опасност.

Албанија, Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора имаат ниско ниво на опасност, а Словенија, како и повеќето земји-членки на ЕУ, имаат многу ниско ниво на опасност.

Според индексот, во нашиот регион самп Босна и Херцеговина е единствената земја во Европа и регионот што е класифицирана во категоријата умерен ризик од хуманитарни катастрофи.

Во 2020 година, ограничувањата на движењето и бариерите наметнати како резултат на борбата против пандемијата КОВИД-19 доведоа до намалување на регистрираните пристигнувања за скоро 42 проценти во споредба со 2019 година – се вели во документот.

Манипулацијата со мигрантите и играњето со емоциите и стравовите на населението од мигрантите често се користи за дестабилизација на регионот, се вели во документот. Неспорен е интересот на големите сили, пред сè на Русија на тој терен, која има големи планови во овој регион, а на која се спротивставуваат земјите членки на НАТО, предводени од САД.