Синот на генералот Ратко Младиќ, Дарко вели дека неговиот татко во Хашкиот трибунал не може да го искористи правото на лекување и вели дека тој да немало да преживее без интервенција на неговото семејство и адвокатот.

Putin i Mladić

Младиќ потсетува дека ова не е прв пат Русите во Советот за безбедност да зборуваат за лошата состојба на Ратко Младиќ, но првпат објавуваат официјално соопштение по тој повод.

  • Позицијата на Русија е позната, тие наведоа дека е очигледно тоа што на Ратко Младиќ му се ускратува правото на лекување, правото да го посетуваат неговите лекари, што го има според Правилата. Еднато правило е посета, а другото е преглед. Тој има право да го прегледуваат лекари, а не само да го посетуваат. Кога дошле, на лекарите им било кажано дека не можат да го внесат лекарскиот куфер со нив внатре.

Постојано се соочуваме со истата ситуација. Тие ги негираат проблемите, па затоа го креваме алармот во јавноста.- изјави и Дарко Младиќ.