Руската ракетна и вселенска корпорација „Енергија“ има намера да испрати нова руска орбитална станица во орбитата, преку која ќе може да ја набудува целата површина на земјината топка, пренесуваат руските медиуми.

Како што е наведено, планот е да се постави орбиталната станица на висина од 400 километри од Земјата и под агол од 98 степени, бидејќи таквото позиционирање ќе овозможи набудување на целата површина на нашата планета.

Меѓу другото, според медиумите, ваквата позиција на орбиталната станица ќе и овозможи на Русија да ги следи настаните на Северноморскиот пат.

Претходно „Роскосмос“ ја потврди оваа вест, а генералниот директор на таа руска вселенска агенција прецизира дека може да се спроведе по 2030 година.