Кина е долгорочно опасна за САД, а Русија е краткорочно, изјави заменик раководителот на Здружениот одбор на началниците на штабовите на вооружените сили на САД, генерал Џон Хајтен.

Главната опасност за оваа нација, долгорочно гледано, е Кина, и на краток рок, Русија. Треба да бидеме сигурни дека сме фокусираме на нив, рече Хајтен, говорејќи на Институтот за нови технологии.

Тој така одговори на барањето да се потврдат информациите за американските планови за крај на борбената мисија во Ирак. Хајтен додаде дека нема да дава изјави на таа тема, бидејќи, како што вели, Пентагон само ги спроведува одлуките што се носат во Белата куќа.

Според неговите зборови, тоа што беше видено во Авганистан или како што сега се одвиваат настаните во Ирак преставува „разбирање дека не смееме да ги игнорираме заканите на Блискиот исток, туку да се справиме со нив на поинаков начин“.

Тој предлага „оставање мала трага, за нашето тело да биде повеќе насочено кон заканите од Кина и Русија“.

Во последниве години, Русија укажува на активности на НАТО во близина на нејзините западни граници, а Москва постојано изразува загриженост за зголемувањето на бројот на силите на НАТО во Европа. Алијансата тоа го оправдува со “контрола на руската агресија“.