Русија ги зголеми своите резерви на злато за 22,881 милијарди долари или за четири отсто во јули. Според веб-страницата на Банката на Русија, златните резерви достигнаа вредност од 591,753 милијарди долари, што значи дека нивото на златни резерви на 1 август го достигна својот максимум во последните 12 години.

Златото поскапе, од 1.560 на 2.075 долари за унца во периодот од јануари до август 2020 година. Неговото учество во златните и девизните резерви се зголеми од 20 на 24 проценти. Аналитичарите сметаат дека глобалната криза и падот на доларот се клучни за растот на руските резерви на злато.

Оваа година Русија може да стане петта економија во светот според паритетот на куповната моќ, изјави помошникот на претседателот на Русија, Максим Орешкин.

Русија не се откажа од целта да влезе во првите пет економии во светот. Ако ја погледнете најновата прогноза на Меѓународниот монетарен фонд за оваа година, ќе видите дека Русија ќе биде петтата економија во светот оваа година, дека ќе го достигне тоа ниво. Затоа, од таа гледна точка, можеме да кажеме дека целта е постигната оваа година, рече тој.

Според Орешкин, последиците од пандемијата придонеле земјата да биде меѓу петте најголеми економии во светот според паритетот на куповната моќ.

Постигнувањето на таа цел беше во голема мера, колку и да е чудно, помогнато од кризата и ние ја реализиравме таа цел две години пред предвидениот рок, рече помошникот на рускиот претседател.


Напишете коментар