“Нештата што ги слушнав од господинот Лавров ме загрижија. Јас не сум еден од оние луѓе што ќе излезат по таков состанок како ништо да не се случило”, рече Александар Вучиќ. Претседателот на Србија на последниот ден од изборната кампања беше гостин на телевизијата Пинк каде разговараше за средбата со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Како што објави порталот Директно, Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Руската Федерација, вчера му донесе јасни пораки на претседателот на Србија од Москва: Русија не ја прифаќа идејата за поделба на Косово и Метохија и е подготвена да го спречи тоа во Советот за безбедност! Ако Вучиќ остане со ветувањето дадено на Ричард Гренел, Москва смета дека е логично да се повлече и да распише предвремени претседателски избори.

Во разговорот што траеше подолго од планираното, како резултат на што беше одложена прес-конференцијата, Лавров јасно му рече на Вучиќ: Нема трговија на Косово за интеграција во ЕУ, нема столче за Косово во ООН и нема поделба на Косово и Метохија.

Пораките на Лавров не завршуваат тука. Вучиќ ќе мора да го посети Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин на 24 јуни, затоа што за време на преговорите со Тачи и Гренел, тој наводно се нафатил „да ја ублажи тврдата позиција на Русија затоа што тој е голем пријател на Путин, бидејќи со него се има сретнато 18 пати”. Од Москва, Вучиќ ќе мора да пренесе заеднички позиции во Вашингтон три дена подоцна. Како што пишува Директно, Русите му рекоа на Вучиќ, дека ако тој немал сила да го стори тоа, да си даде оставка и да свика предвремени претседателски избори.

Според Директно, Вучиќ беше изненаден од координираната акција на министрите за надворешни работи на двете држави, Ивица Дачиќ и Сергеј Лавров. Дачиќ и Лавров не дозволуваат да биде фрлена во вода нивната досегашна работа за непризнавање и повлекување на признавањето на Косово, па затоа со координирана акција ставија крај на играта на Вучиќ со Косово и Метохија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *